Пролет со ; 0 Берово, 1 Лазарополе, 2 Кр. Паланка, 3 Битола, Куманово, Скопје, 4 Охрид…

од Vladimir Zorba

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

0 Берово, 1 Лазарополе, 2 Кр. Паланка, 3 Маврово, Битола, Куманово, Претор, Скопје Петровец, 4 Охрид, Тетово, Дебар, Прилеп, Струмица, 5 Скопје, Штип, Д. Капија, 6 Виница, Крушево, 7 Пожаране, Гевгелија, Ѓуриште, 10 Дојран.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта настапи разведрување, па утрово времето е сончево со мала до умерена облачност, повеќе застапена во југозападните и североисточните делови. Претежно е тивко, на повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена локална облачност, повеќе застапена во југозападните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив, а во источните делови слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Скопје

Сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе предизвика времето да биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Повеќе облачност ќе имa во четврток, кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во западните делови.

Слични содржини