Протест на вработените од Трансмет, Бошњаци и ТВ НОВА пред Апелационен суд

од Vladimir Zorba

Вработени во компанијата „Трансмет“ и во телевизијата „Нова“ и дел од припадници на Бошњачката заедница  денеска пред Апелацискиот суд протестираат за да го заштитат осомничениот Сеад Кочан да не оди во притвор.

Со скандирање „Правда за Сеад“ вработените и новнарите како и од здружение на Бошњаците  го блокираа  влезот пред Апелација со камиони и комбиња од компанијата.

На дел од транспарентите пишува „Напад врз Сеад е напад врз Бошњаците“, „СДСМ – СЈО“, „СДСМ преку СЈО ги убива медиумите“..Денеска се очекува Апелацискиот суд да донесе одлука дали притворот за Сеад Кочан ќе биде поништен или ќе се потврди.

Кочан е првоосмничен во случајот „Труст“ на СЈО, и се сомничи за злоупотреба на службена  положба во 2012 година кога бил управител на „Трансмет ДОО“ и со лажни документи добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Мерката притвор му беше одредена минатиот четврток, а истиот ден неколку часа претходно на Кочан му се губи трагата и не е достапен за истражните органи.

МВР по него распиша потерница, додека адвокатот Додевски тврди дека е на службен пат. Одлукаата на Апелација се очекува денеска.

Слични содржини