Во Тунис се одржа протестен марш против нападот во одморалиштето Сус во петокот, при што загинаа најмалку 38 лица, многу од нив странски туристи.

Народот се собра недалеку од хотелот, кој беше цел на нападот. Учесниците носеа национални знамиња и свеќи во знак на почит кон споменот на жртвите, меѓу кои има 15 Британци, Белгиец и Германец. “Сус нема никогаш да умре!”, Извикуваа демонстрантите.

2110834473

Во петокот имаше уште две терористички напади – во Кувајт, и во Париз.

Кувајтската полиција го уапси возачот на автомобилот кој го донел бомбашот-самоубиец да се разнесе шиитската џамија во главниот град. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека уапсениот арап,кој нелегално престојува во Кувајт.

Осомничениот за нападот врз хемиската фабрика крај Лион, испратил фотографија, на која позира со пресечената глава на својот шеф, објави ББС.

35-годишниот Јасин Салха испратил фотографијата до мобилен број во Канада, откако го извршил нападот. Полицијата се обидува да го утврди носителот на бројот. Самиот Салха уште се крие. Засега не се јасни мотивитениту е откриена странска врска, соопштија од обвинителството.

Слични содржини