Протести во САД за поддршка на муслиманите и на мигрантите

од Vladimir Zorba

Во повеќе градови во САД се одржаа демонстрации во знак на поддршка на Американците со исламска вероисповед и против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп.

Повеќе од илјада лица од различна вера вчера се собраа на Тајмс сквер во Њујорк, на протест под мотото „И јас сум муслиман“.

Одредени учесници на протестот вееја американски знамиња, додека други носеа транспаренти на кои го изразија своето противење на забраната за влез во САД на државјани од седум држави со мнозинско муслиманско население.

Трамп во јануари ја суспендираше американската бегалска кампања и побара забрана за влез во САД на граѓаните од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и од Јемен.

Во градот Салем во Орегон, повеќе стотини граѓани вчера се собраа во знак во знак на поддршка на правата на имигрантите.

Во Далас, според проценките на полицијата, околу 1.700 лица учествуваа на мирниот протест за поддршка на имигрантите и на бегалците./МЕТА

Слични содржини