Мигрантите кои се наоѓаат на македонско-грчката граница продолжуваат да протестираат со барање за отворање на граничниот премин, оние кои се во пристаништето во Пиреја одбиваат да се преместат во прифатните центри, а оние кои се на островите на Егејското Море масовно поднесуваат барања за азил во Грција, објави електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“. идомени

Според весникот, изминативе денови се поднесени близу 10.000 барања за азил. Грчките власти не можат да ги разгледаат брзо, што ја забавува постапката за депортација на мигрантите кон Турција.

Вчера 250 имигранти на островот Семос успеаа да излезат од прифатниот центар каде се сместени, кој е од затворен тип, и во група почнаа да се движат по улиците, што предизвкиа страв меќу локалните жители. Полицијата на карјот сепак успеа да ги врати во центарот.

Целта на имигрантите била да стигнат до брегот и да се качат на некој од бродовите што сообраќчаат кон континенталниот дел на Грција, со цел да избегаат од островот и да не бидат депортирани во Турција, наведува весникот.

Во исто време. властите продолжуваат со обидите да ги убедат бегалците во најголемото пристаниште во земјата, Пиреја, да го напуштат импровизираниот камп и да бидат сместени во прифатни центри.

Владата планира да ги премести мигрантите до Велигден, кога се очекува зголемено движење на пристаништето. Според неофицијални информациите, мигрантите сепак нема да го напуштат пристаништето, туку само ќе бидат преместени во негов друг дел.

„Прото тема“ информира и за протестите на границата со Македонија, каде мигрантите бараат да им биде овозможено да заминат на север по балканската рута.

Весникот забележува, дека нивна тактика е во првите редови на протестите да стојат жени и деца, што ја отежнува работата на полицијата.

Ситуацијата излегува надвор од контрола, а бегалската криза се претвори во внатрешен проблем со огромни размери, оценува „Прото тема

Слични содржини