ПРОВЕТРУВАЊЕ ли ? Членови со повик борба против криминалот и демократизирање на ВМРО-ДПМНЕ и

од Vladimir Zorba

vmro-dpmne_nova_nok_3[1]

„Тргнувајќи од историската автентичност на ВМРО како единствено македонска организација, нераскинливо вградена во конституирањето на Република Македонијa како независна држава, а согледувајќи ја актуелната состојба во која западнаа Државата и Партијата, преку овој Манифест пред јавноста се објавува функционирањето на Внатрешната иницијатива на ВМРО ДПМНЕ, како глас на совеста и свеста на членовите и симпатизерите на Партијата.

Решението на проблемите го гледаме внатре во Партијата. Стабилизацијата на Партијата ќе придонесе кон комплетна стабилност на Република Македонија.

За таа цел повикуваме на:

1. Модернизација и демократизација на структурата и органите на Партијата!
Само демократска партија, во вистинска смисла на зборот, може да изгради модерно, демократско и просперитетно општество. Својата сила Партијата ја црпи од силата на членовите и на нив треба да им се овозможи да учествуваат во изборот на своите претставници во органите на Партијата. Единствено така, истите може да се сметаат за легитимни, да донесуваат кредибилни и спроведливи одлуки, почитувани од страна на сите нас во Партијата.

Едностраните одлуки, назначувања без избор, немањето критериуми за соодветната одговорност, го дерогираат системот на Партијата, а претставниците немаат потребен авторитет и легитимитет да настапат пред членовите, симпатизерите и пред граѓаните на Република Македонија.
За таа цел изготвена е комплетна платформа за демократизација на ВМРО ДПМНЕ, во која централно место се дава на Централниот Комитет и Општинските Комитети на Партијата, како органи кои ќе ги донесуваат конечните одлуки.

Индивидуалната одговорност станува основен критериум за исполнување на обврските на сите партиски функционери.

Демократско ВМРО гарантира демократска Македонија!

2. Унапредување на моралот и етичкото однесување преку почитување на основните вредности во ВМРО!

Чест и одговорност е да си дел од Организацијата, а не привилегија и дневна определба!

 Моментот на зачленување во ВМРО ДПМНЕ ќе претставува свечен, транспарентен и јавен чин. Се признава членување на секој во ВМРО ДПМНЕ од денот на неговото потпишување на пристапницата. Тоа важи за сите членови од основањето на Партијата до денес.

Тргнувајќи од традиционалните вредности ќе се грижиме за човековите слободи и права, на начин тоа секој да го знае и чувствува како право, но и како одговорност.

Вредностите пред интересите!

Само така ќе создадеме здраво поколение, способно да ја преземе одговорноста за Државата и Организацијата!

Етичко и морално ВМРО гарантира одговорна, етичка и морална Македонија!

3. Декриминализација на општеството!
Вредностите и етичкото однесување мора да станат пракса во дејствувањето на поединецот. Создавање на правен систем кој ќе го дестимулира криминалот на сите нивоа и во сите структури на општеството е итно потребно. Очигледно е дека во сегашната поставеност на легислативата и системите за контрола има сериозни пропусти.

Изградба на силни институции кои во центарот на своето работење ќе го имаат законот и грижата за поединецот – граѓанинот на Република Македонија, институции кои се ослободени и заштитени од влијанија. Единствено на тој начин ќе се изгради правичен и силен правен систем.

Силната држава со изграден систем на принципиелна демократија ќе практикува владеење на правото и еднаквост на сите пред законот.

Интегритетот на поединецот создава интегритет на институциите на државата!

 

4. Решавање на сите отворени прашања во општеството по принципот на индивидуалните права и одговорности!
Граѓанинот е во центарот на новото општество на Македонија!

ВМРО ја започна револуцијата за слобода на Македонија, ВМРО ја објави и победи во борбата за независна држава Македонија, ВМРО ќе ја објави и трансформацијата на Македонија од општество на колективитети, националности, религиозни групи и т.н. во општество на поединецот, на граѓанинот, без разлика на националната, верската, политичката или било каква друга припадност на човекот. Наместо права на една или две национални групи, прогласуваме права на човекот, на граѓанинот на Република Македонија.

Современо ВМРО гарантира современа Македонија!

Ве повикуваме, сите членови и симпатизери, на дејствување внатре во органите и телата на ВМРО ДПМНЕ, со цел да создадеме стабилно ВМРО за стабилна Македонија!“ се вели во соопштението на Внатрешната иницијатива за модернизација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини