Пукано во лидерт на независната листа за советници на општина Кичево Алит Aбази

од desk3

Вечерва во Кичево, вооружен инцидент. Tри лица се повредени во центарот на градот кога врз нив од огнено оружје пукало едно лице. Од МВР информираат дека лицето Абдула А. околу 18 часот и 45 минути на булеварот „Ослободување“ ги пресретнало и пукало во независниот кандидат за советник Алит Абази и во неговиот шеф на изборниот штаб Дестан Абдиу.

Било пукано и врз лицето Ш.Д. Дестан Абдиу има повреди на бутот на десната нога, Алит Абази е погоден во слабината, а Ш.Д. во десната потколеница. Абдиу и Абази поради сериозноста на повредите со возила на брза помош се упатени кон скопските клиники, а Ш.Д. е пренесен во кичевската болница. Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот Абдула А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка./АлсатМ

Слични содржини