Владимир Путин го призна како грешка на СССР, тоа што го наметнал “со сила” својот модел на развој на земјите во Источна Европа, но предупреди дека истата грешка сега ја повторуваат САД и дека ги чека неуспех.

Image_4716664_407

“По Втората светска војна се обидувавме да го наметнеме својот модел на развој на многу источноевропски држави и го правевме тоа со сила. Во тоа нема ништо убаво и тоа ни се споменува постојано”, призна рускиот претседател за време на годишната директна линија, во која одговара на прашања на граѓани. Путин додаде дека “на ист начин денес се држат Американците и се обидуваат да наметнат својот модел за целиот свет”. “Нив исто така ги очекува неуспех”, прогнозира претседателот.

Надворешно-политички прашања кон претседателот оваа година беа доста помалку од претходната, кога доминираше жешката тема со украинската криза и пристапувањето на Крим. Прашања за Украина сепак повторно беа поставени. Едниот од нив беше дали Русија има свои војници таму, на кое Путин одговори категорично со не. Господарот на Кремљ призна дека ги смета Русите и Украинците за еден народ. “Денешната власт во Украина допушта многу грешки и резултатите ќе се негативни”, предупреди Путин. Според него единственото решение на кризата е спроведувањето на договорот за примирјето од Минск, уставни реформи во Украина и решавање на социјалните проблеми во Донбас.

По повод одбивањето на бројни светски лидери, да присуствуваат на парадата во Москва на 9 мај, по повод Денот на победата, Путин рече дека некои од нив треба да им е срам од нивната одлука. И изрази сомневање дека тие не ја донеле одлуката самостојно, туку така им диктираат од Вашингтон.

Врвот во економската криза во Русија е поминат, по помалку од 2 години економијата ќе биде целосно обновена, ги увери сонародниците Путин. Тој го минимизираше ефектот од санкциите, а дури посочи нивната најдобра страна – можност за пребарување на ново поле за развој.

Претседателот соопшти и дека до 2023 година Русија ќе има самостојна вселенска станица.

Денешната 13-та по ред директна линија на Владимир Путин траеше 3 часа и 57 минути, во кои тој одговори на 74 од вкупно пристигнати над 3 милиони прашања. Настанот го пренесуваа 250 новинари.

Слични содржини