Радикалните десничари во Бундестагот ја загрижија цела Европа

од desk3
Британскиот историчар Марк Алмндд за  “Dejli mejl” напиша дека сега стабилноста на Германија, со која се гордееше канцеларката Ангела Меркел е опасно загрозена.
-Како европски историчар, едвај можам да верувам дека ги пишувам овие зборови, но фактите се јасни. Прв пат откако Хитлер се уби во бункер во Берлин, пред повеќе од 70 години, националистичката десничарска партија доби десетина места во германскиот парламент. Комунистичката Левица исто така добро се покажа. Речиси четвртина од Германиците гласаше за партија која отфрла статус кво. Тоа ниво на отуѓеност не е видено уште од последните денови на Вајмарксата Република во раните 1930-ти година, вели Алмонд.
Тој рече дека на Германија и тргнало наопаку откако се соочила со мигрантската криза, а многу Германци мислат дека Меркел можела на друг начин да го реши и да не дозволи мигрантите да влезат во толкав број. Стравот од тероризмот е голем во целата Европа, а многумина се плашат дека со мигрантите во нивните земји влегле и џихадисти.

Освен тоа, Германците се незадоволни и со стагнцаија на платите.

Со децении поради нацистичкото минато на земјата, националистите во Германија беа тивки, но одеднаш ултрадесничарите ја видоа својата шанса и почнаа да собираат приврзаници.

– Таканаречената Алтернатива за Германија  (AfD) често е поврзувана со неонацистите, но нејзините лидери себе си се претставуваат поразлично. Меѓу кандидатите на AfD се дипломци од универзитетите, жени со кариери кои изгледаат повеќе како јапи отколку како неонацисти. Тие зборуваат за тешкотиите при интегрирањето на милион луѓе кои не зборуваат германски и тврдат дека тие се вистинските бранители на женските права и Евреи од муслиманските фундаменталисти. Терористичките напади кои ги извршија некои баратели на азил само дополнително ја нахранија нината популарност предизвикана од стравот, зборува историчарот.

Тој укажува и на тоа дека антимигрантските чувста ги  користат и другите партии како што се Левица, но и либералите (ФДП), кои најверојатно се партнер на Меркел во новата влада.

AfD исто така играше и на картата на стагнаицја на платите. Иако милиони Германици имаат сигурни работи места, нивните плати слабо растат, иако Германија важи за просперитетна земја.

– И ЦДУ на Меркел и социјалдемократите (СПД) изгубија милиони гласови бидејќи луѓето чувствуваат како  париите да ги напуштаат соите традиции. Ако Меркел е обвинета дека го жртвувала христијанското наследство поради мултикултурниот пристап умерените левичари СПД изгубија поради подршката бидејќи се чини дека ја напуштиле социјалистичката политика поради владата која е наклонета кон бизнисмените, вели Алмонд.

Тој рече дека загрижува и фактот дека се ова се случува во економски добри времиња.
– Што би се случило доколку германската економија стагнира или влезе во рецесија? – прашуа тој.
Историчарот заклучува дека стабилна, демократска и кооперативна Германија е во интерес на цела Европа.
– Најголемата и најбогатата земјав во Европа често беше незгоден сосед. Веќе 200 години од ерата на Карл Маркс па се до Ангела Меркел Германија се бореше да биде во мир со себе и со остатокот на Европа. До вчера се чинело дека Ангела Меркел може да постигне да ја одржува стабилна Германија и успешно да управува со Европа, Сега ќе ја предизвикуваат и радикалната десница и радикалната левица, а нејзините сојузници нема да бидат баш послушни, смета Алмнд.

 

Слични содржини