Рекордно ниво на задолженост на Американците – 12.840 милијарди долари

од desk2

Задолженоста на Американците во второто тримесечие оваа година достигна рекордно ниво од речиси 12.500 милијарди долари и тоа благодарение на умерениот раст на хипотекарните и кредитите за автомобили како и долгот на кредитни картички.

Вкупно, американските домаќинства во второто тромесечие годинава имаат долг од 12.840 милијарди долари, што е за 552 милијарди долари повеќе отколку пред една година, според податоците на њујоршката подружница Feda.
Од тоа, 4,8 отсто се лоши кредити, исто како во претходното тромесечие. Сепак, треба да се внимава на влошената наплативост на долгот по кредитни картички.

Полесниот пристап до кредити им овозможи на заемопримачите со понизок рејтинг пристап до кредитни картички, вели Ендру Хјувут.

„Моменталната состојба на ненаплативост на долгот по кредитни картички може да е ран показател за идните трендови па ќе внимаваме до степен кога неговиот раст ќе предвидува понатамошни проблеми на потрошувачите“, вели тој.

Вкупната задолженост на американските домаќинства е околу 14 отсто над онаа по раздолжувањето предизвикано од финансиската криза 2007-2009 година и длабоката рецесија, кога беше прекинат 63-годишниот растечки тренд на задолженост.

Во второто тромесечие беа издадени хипотекарни заеми во САД во вредност од 8.690 милијарди долари, односно 329 милијарди повеќе од лани. За студентски кредити исплатени се 1.340 милијарди долари или 85 повеќе, а заемите за автомобили изнесуваат 1.190 милијарди или 55 милијарди повеќе.

Слични содржини