Републиканците бараат исклучување на Клинтон од претседателската трка

од Vladimir Zorba

Американскиот Национален републикански комитет синоќа оцени дека демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон треба да биде исклучена од претседателската трка „поради вмешаност во корупција“.

20130528-mbjskgkwsn

Ваквото барање на Комитетот уследи откако американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера го информира Конгресот на САД дека ја разгледува можноста за отпочување нова истрага против Клинтон, откако во јавноста беа објавени содржините од нови службени електронски писма што таа ги испраќала од нејзината приватна и-мејл адреса додека ја извршуваше должноста американски државен секретар.

– Овие шокирачки информации го покренуваат прашањето за тоа какви материјали не биле доставени (во претходната истрага) и дали тоа значи дека имало обид за кршење на законот. Несомнено, во времето кога работеше во Стејт департментот на САД, Хилари Клинтон илјадници пати создала услови за откривање на доверливи информации, во обидот да ги прикрие своите корупциски шеми со исплата на пари за извршени услуги, се наведува во реакцијата на Националниот републикански комитет.

Според највисокото раководство на Републиканската партија овие сознанија „би требало да бидат основа за дискавлификација од изборната трка на кој било кандидат за претседател“.

Ваквото барање на републиканците успеди по објавувањето на последната анкета на јавното мислење која покажува зголемување на предноста на Клинтон пред републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, спроведена меѓу 21 и 27 октомври, 42 проценти од испитаниците изјавиле дека на изборите на 8 ноември ќе гласаат за Клинтон, а 36 за Трамп.

Разликата е од шест проценти претставува зголемување за два проценти поени во однос на претходната анкета на Ројтерс/Ипсос од пред една недела, кога предноста на Клинтон пред Трамп изнесуваше четири отсто

Слични содржини