[РЕЦЕПТ] Ќофтиња од компир со ориз

од Vladimir Zorba

Состојки:
За 10 ќофтиња:
6-7 големи компири
1/2 чаша ориз
100 г сирење
1 кромид
неколку страка магдонос
сол, црн пипер
2 јајца и одделно уште 2-3
брашно и лебни трошки
Подготовка:
Излупете го и сварете компирот. Потоа изгмечете го добро. Во тоа време ставете оризот да се вари. Кога е готов, треба да се исцеди и да се додаде кон компирот. Кон нив додадете мелено сирење, јајца, сецкани кромид и магдонос, сол, црн пипер.

Добро промешајте ја добиената смеса и обликувајте ќофтиња. Потопете ги во брашното, лебните трошки и сматените јајца. Пржете во загреано масло.

Слични содржини