[РЕЦЕПТ] Колбаси со зеленчук

од Vladimir Zorba

Состојки:
4 сечкани колбаси
5-6 големи моркови
1/2 кромид
1 главица лук
соја сос
маслиново масло
сол
црн пипер
Подготовка:
Најнапред се лупат и се сечат на стапчиња морковите, а кромидот на полумесечина. Ставете го зеленчукот во керамичка тава и ги зачинете со маслиново масло, соја сос, сол и црн пипер. Додајте кон нив една цела глава лук, но без да ја лупите.
Врз зеленчукот наредете колбаси. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Слични содржини