[РЕЦЕПТ] Особуко ала Миланезе

од Vladimir Zorba

Состојки:
500 г телешко месо со коска во средината
2 моркови
1 кромид, ситно исечкан
2 чешниња лук
2 лажици брашно
1 голема коцка путер
10 мл телешка супа, растворена
½ чаша бело суво вино
сол
црн пипер
Подготовка:

Посипете го добро телешкото со брашно, за да се залепи насекаде. Потоа во загреаното масло на средна температура испржете го, за да се запече. Откако фати блага коричка извадете го од тавата.

Добро е тавата да е подлабока, бидејќи во него ќе ги додадете и останатите производи. Така во истото масло откако сте го извадиле месото испржете ги лукот и кромидот, додека не омекнат. Промешуваајте постојано. По неколку минути додадете ги и морковите и виното. Оставете да врие  за десетина минути.

Потоа додадете го месото, супа и зачините и покријте со капак. Намалете ја ринглата и оставете така за околу еден час. Јадењето е готово, кога ќе почувствувате дека месото ќе падне за речиси само малку од коската.

Служете го особукото со гарнир од рижото, пире од компири, зеленчук или тестенини.

Слични содржини