[РЕЦЕПТ] Стек во сос од пиво

од Vladimir Zorba

Состојки:
6 тенки кременадли
1/2 чаши пиво
3 чешниња лук
2 глави кромид
2 парчиња црн леб
1 лажица брашно
1 лажица масло
1 чаши супа
црн пипер
Подготовка:
Стекови се печат и се оставаат на топло. Во добро загреано масло запржете сецкан кромид и додадете го кон него брашното. Во сад ставете парче црн леб и прелијте со пивото и супа, по што ќе го  додадете кон кромидот.
Зачинете со црн пипер и ситен лук. Ставете ги  стековите на добиената смеса и оставете  ги да вријат заедно за околу 7 минути на тивок оган. Послужете со гарнир по ваш избор.

Слични содржини