Родители на деца со попреченост со шатори пред Собранието – инцидент на почетокот на собирот

од Vladimir Zorba

Додека пратениците со недели водат јалови дебати во Собранието, пред законодавниот дом децата со попреченост во развојот и нивните родители поставија шатори во паркот  Жена борец во знак на револт поради нерешените проблеми со кои се соочуваат.

Јавниот собир го организира здружението „Сплотени срца“, чија цел велат  е да бидат видливи за политичарите и да ги запознаат истите со секојдневните проблеми на овие деца. Уште на самиот почеток на собирот се случи инцидент со обезбедувањето на Град Скопје кои се обидоа да ги урнат шаторите иако во нив имаше деца.

 

 

По инцидентот со обезбедувањето на Град Скопје кое не им дозволи на родителите на децата со посебни потреби „Сплотени срца“ да постават шатори пред „Жена парк“, тие повикаа полиција и ситуацијата се смири, пренесе Плусинфо. Шаторите од денеска наутро па сè до сабота ќе останат во паркот спроти Собранието, а организаторите велат дека протестот е пријавен, спротивно од тоа што го тврдеа обезбедувачите на Коце Трајановски.

 – Протестот е пријавен на 12 април, шаторите остануваат, ако им смета ќе треба да не тргнат со сила. Целта ни е да бидеме еден од приоритетите на новата влада, затоа што нашите деца нема каде да одат после нашата смрт – рече Зоран Мијалков, родител на дете со посебни потреби.

Тој објасни дека едно лице кое најверојатно е провокатор, а се претставил како обезбедување, дури се обидел и да го искине знамето на здружението „Сплотени срца“, на кое има отпечатоци од рацете на нивните деца.

– Нашите барања се доставени до сите институции и се во согласност со сите меѓународни конвенции кои ги има потпишано Македонија – рече Мијалков.

Слични содржини