Ројтерс: Полицијата го опколи лондонскиот Вестминстерски мост поради сомнително возило

од Vladimir Zorba

Британската полиција го блокира и отцепи Вестминстерскиот мост во централниот дел на Лондон во близина на парламентот, бидејќи постапила по сигнал за безнадзорно возило, пренесе Ројтерс.

“На место се присутни многу полицајци”, соопшти претставник на силите на редот.

Во моментов во Велика Британија е најавено највисоко ниво на тревога, откако во понеделникот терорист изврши самоубиствен напад во Манчестер. Во март друг екстремист со возило удри во пешаци кои беа на Вестминстерскиот мост, а подоцна прободе полицаец.

Слични содржини