Ростов за првпат избори учество во Лигата на шампионите

од desk3

Рускиот клуб Ростов ќе дебитира во групната фаза од фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа во реваншот од плеј-офот убедливо го победи Ајакс и со вкупни 5:2 се пласира во елитата.

Децениската традиција да игра во групната фаза во евро-куповите ја продолжува Динамо Загреб кој синоќа по продолженија беше поуспешен од Салзбург.

157780-rostov-e-ruskiot-lester

Листата со учесници во ЛШ ја комплетираа Манчестер Сити, Борусија Менхенгладбах и Копенхаген.

Постигнати резултати:

АПОЕЛ – Копенхаген 1:1 (1:2 вкупен резултат),
Ростов – Ајакс 4:1 (5:2),
Манчестер Сити – Стеауа 1:0 (6:0),
Борусија Менхенгладбах – Јанг Бојс 6:1 (9:2)
Салцбург – Динамо Загреб 1:2 по продолженија (2:3).

Одиграно во вторникот:

Рома – Порто 0:3 (вкупно 1:4),
Хапоел Бер Шева – Селтик 2:0 (4:5),
Легија – Дундалк 1:1 (3:1),
Монако – Виљареал 1:0 (3:1) и
Викторија Плзен – Лудогорец 2:2 (2:4).

Жрепката за групите ќе биде извршена денес со почеток од 18 часот во Монако./МИА

Слични содржини