Розберг победник во Сузука

од desk3

Германецот Нико Розберг е победник на трката од шампионатот во Формула 1 возена утрово на патеката „Сузука“ за Големата награда на Јапонија.

Ова беше деветта победа сезонава за Розберг и вкупно 23-та во неговата кариера по што се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман.

download-1

Второто место го освои Макс Верстапен од Ред Бул, додека третото е за Луис Хамилтон од Мерцедес.

Со најновите бодови на возачите на Мерцедес, овој тим е победник оваа сезона во конкуренција на конструктори, бидејќи на четири трки до крајот има недостижни 593, додека Ред Бул е втор со 385, Ферари 335, Форс Индија 134,….

Во пласманот за возачи Розберг има 313 бодови, Хамилтон е втор со 280, Даниел Рикиардо има 212, Кими Раиконен 170, Макс Верстапен 165, Себастијан Фетел 165,….

Следната трка ќе се вози на 23 октомври во Остин, САД./МИА

Слични содржини