Руско МНР: Меѓународната заедница да застане против територијалните претензии на Албанците

од Vladimir Zorba

Сметаме дека е неопходно меѓународната заедница одлучно да им укаже на Тирана и на албанските политичари во другите балкански страни на неприфатливоста на актуелизирањето на територијалните претензии и размислување за прекројување на границите во регионот. Ги повикуваме западните партнери да се придржуваат на духот на меѓународното право и здравиот разум а не во лоши шеми на двојни стандарди, порача денеска Службата за информирање и медиуми на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Со особена зачуденост ги следиме редицата неодамнешни изјави на албанските политичари за прекројувања на границите на Балканот. Констатираме дека среде шумот на празните обвинувања на Русија за обиди за дестабилизација на состојбата во Југоисточна Европа, се преземаат мерки за заживување на Големоалбанскиот проект, а сега базирани на уставот на Албанија, кој на Тирана и дава право на заштита на интересите на Албанците во другите земји“, се вели во коментарот.

Во текстот се вели дека во тој дух се изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за обединување на делови од Србија со Косово, а „под покритие на лицемерните разговори за стабилизација во регионот под чадорот на НАТО всушност се поткопуваат темелите на стабилноста, се фаќа курс кон прекројување на балканските граници и нагло се зголемува нивото на потенцијалите за конфликти.

Слични содржини