Саркози зел 50 милиони евра од Гадафи?

од desk2

Поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози приведен е на испитување затоа што наводно за кампањата во 2007 година зел 50 милиони евра од режимот на Муамер ел Гадафи.

Истиот оној Гадафи кого Саркози потоа го симна од власт, потсетува Дојче Веле.

Николаs Саркози се сметаше за влијателен човек, без оглед што веќе шест години не е претседател на Франција. Од таа причина, веста дека 63-годишниот политичар е приведен на сослушување, денеска подигна високи бранови во политички Париз. Уште од пред пет години е започната истрага во врска со сомневањата дека во 2007. година во изборната кампања на Саркози дотекле илегални либиски пари. Антикорупциската полиција сега првпат го сослушува Никола Саркози во врска со оваа афера.

Дали ќе стане тесно за „Сарко“, темпераментниот политичар и поранешен „хипер“-претседател? Дали постојат нови докази? За францускиот информативен портал „Медиапарт“ испрашувањето на поранешниот шеф на државата е секако барем индиција дека истрагата се забрзува на спектакуларен начин. И блискиот соработник на Саркози, екс-министерот Брис Ортефе морал да даде исказ пред истражителите, но според медиумите, не бил приведен. Порталот пишува дека станува збор за „исклучителна афера“, нешто незабележано од основањето на Петатта Француска Република во 1958. година. Сослушувањето во Франција може да трае до 48 часа, за кое време приведената личност не може да се движи слободно. Потоа треба да биде одлучено дали ќе биде покрената истрага против Саркози.

Моамер ал-Гадафи – финансиер на Саркози?

„Политичкиот пензионер“, како што Саркози понекогаш е нарекуван во Франција, со години е следен од скандали, пред околу четири години поради друга истрага беше приведен 15 часа.

Во врска со „Либиската афера“ според медиумите, истрагата има собрано стотици документи, против дел од учесниците веќе е отворена постапка, а сега во центарот се наоѓа Саркози.

„Медиапарт“ уште пред шест години го лансираше обвинувањето дека режимот на екс-либискиот диктатор Моамер ал-Гадафи ја кофинансирал изборната претседателска кампања на Саркози со повеќе, дури и до 50 милиони евра. Во 2016. година се јави бизнисменот Зијад Такидине со тврдење дека тој лично пренесол неколку куфери со пет милиони евра од Либија во француското Министерство за внатрешни работи, а таму во тоа време ресорен шеф беше Саркози. Никола Саркози ги негираше обвинувањата./DW

Слични содржини