СДСМ: Апсурдните интерпелации нема да го сокријат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

од desk2

СДСМ ја обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека со неосновани, неиздржани и апсурдни иницијативи за интерпелации, продолжува очајнички да се обидува да ги закочи реформите и проектите за кои што гласало мнозинството граѓани.

„Поднесената интерпелација за министерот за култура Роберт Алаѓозовски, само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи ниту за културата, ниту за граѓаните, туку единствено се грижи за сокривање на деценискиот криминал што раководството на таа партија го правеше, особено со проектот Скопје 2014. ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја партизираше културата и потроши над 600 милиони евра народни пари на сомнителни тендери за проектот Скопје 2014, додека вистинското културно наследтво беше намерно оставано да скапува и да се распаѓа.

Наместо криминалниот и злосторнички пристап кон културата што ВМРО-ДПМНЕ го практикуваше со години, министерот за култура и министерството воведуваат нови, ефикасни и инклузивни политики и проекти во културата што носат напредок и заштита на културната дејност, порачаа од СДСМ.

Слични содржини