СДСМ вети нов студентски дом во Штип до крајот на 2017 година

од desk3

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) најави дека, доколку победи на изборите на 11 декември, владата предводена од нив ќе изгради модерен студентски дом во Штип до крајот на 2017 година.

petar-atanasov1

„Новата влада на СДСМ ќе ги има студентите на врвот на листата на приоритети. Додека Спиро Ристовски и Никола Груевски се уште размислуваат за потребата од студентски дом, ние гарантираме дека после промената на власта во декември, новата влада ќе изгради нов модерен студентски дом во Штип со капацитет од 300 легла, до крајот на 2017 година“, изјави денеска во Штип претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

Тој нагласи дека и по 9 години од формирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ власта нема решение за сместувањето ан студентите.

„Секојдневието на над 200 студенти и средношколци од регионот кои живеат во Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ се мувлосани ѕидови, стар и искршен инвентар, санитарни јазли под секој стандард, студ и еднолична храна. Ве уверуваме, по 11 декември промените ќе се случат. Студентите од штипскиот универзитет ќе добијат нов студентски дом“, рече Атанасов.

 

META

Слични содржини