Се испишува политичката историја, тројца политичари во еден ден ќе одговарат пред СЈО- новинарите веќе чекаат…

од desk3

 

Новинарските екипи и снимателите полека фаќаат бусија пред влезот на Специјалното обвинителство како што се зголемува „фрекфенцијата на лица“ (како што рече Катица Јанева) повикани да дадат исказ.

12033250_10206260643348206_201577023_n

Така, денеска, како што потврдија од двете партии, се очекува да се појават лидерите на ДПА и на Партијата целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Мендух Тачи и Самка Ибраимовски. Некои медиуми пренесуваат дека на сослушување е повикана е членката на Државната изборна комисија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, но, за неа засега нема официјална потврда дали добила покана за распит, а во јавноста циркулираат и имињата на Миле Јанакиески и на поранешната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова.

Нема официјални информации ниту за кој случај се повикани овие политичари, а неофицијално се шпекулира дека станува збор за изборните нерегуларности и малверзации, што произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ минатата година.

Пред една недела, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека во периодот што следува, во СЈО ќе има „зголемена фрекфенција на лица“ кои се повикуваат во врска со предметите што ги води обвинителството.

МЕТА

Слични содржини