Се подготвува првото обвинение од СЈО

од Vladimir Zorba

По речиси една година откако Катица Јанева беше избрана за специјален јавен обвинител, период што го одбележаа препреки и притисоци, во СЈО се подготвува првото обвинение против неколку лица, дознава БИРН, пренесе порталот ПРИЗМА.

SJO

Според неофицијалните информации со кои располагаме, станува збор за предмет кој досега не беше презентиран во јавноста, а обвинението се носи по скратена постапка, бидејќи станува збор за дело за кое е предвидена затворска казна до 5 години.

Обвинението се очекува да биде поднесено во текот на наредната недела. Информациите со кои располагаме говорат дека станува збор за предмет поврзан со прислушувањето и со уништување службени документи.

Од СЈО не коментираат дали и кога ќе биде поднесено првото обвинение од постоењето на оваа институција.

„Истражните постапки се во тек и навремено ќе бидете известени за евентуалното поднесување обвиненија“, одговорија оттаму.

Според Законот за специјално јавно обвинителство, рокот за поднесување обвиненија кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе заврши кон средината на идната година, што значи дека СЈО има рок од уште само 9-10 месеци да поднесе обвиненија за сите (повеќе од 20) истраги што ги води во моментов.

Овие рокови се исклучително кратки, па останува отворено прашањето дали СЈО ќе има можност докрај да ги заврши обврските поради кои првично беше формирано. За овие преостанати месеци, десеттемина специјални јавни обвинители на чело со Јанева треба да ги дослушаат сите 546.948 фајлови снимени разговори, да одлучат за кои инволвирани лица дополнително ќе покренат предистражна, па потоа истражна постапка и на крајот, да поднесат обвинение.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини