– Едноставно ова е еден вид биење мајтап со граѓаните. Се вознемируваат чесни граѓани кои живеат со години на одредени адреси, а оние со кои некој си поиграл, имиња или граѓани кои се иселени или починати, тие се ставаат на страна за да може повторно да бидат злоупотребени во текот на изборите, изјави Поповска

Од Државната изборна комисија, иако најавија, денеска не споделија со јавноста никакви информации за тоа до каде е теренската проверка на 89.383 гласачи и дали ќе има пролонгирање на првично поставениот рок од седум дена. Дел од членовите на ДИК во телефонски разговор ни изјавија дека работата на терен најверојатно ќе заврши денес или утре, но потоа ќе бидат потребни барем уште 2-3 дена за внесување на податоците, со оглед на тоа што таа постапка не е направена во голем број подрачни единици.

МОСТ: Постоечките законски рокови вистински предизвик за прочистен избирачки список

Граќанската асоцијација МОСТ посочи дека е невозможно според  актуелната законска регулатива  и роковите, да се стигне со прочистување на изборачккиот список и дека вака тоа бришење и чистење не може законски да стигне до 5 јуни ден  закажан за  изборите.

Слични содржини