Стресот е насекаде околу нас, но постојат начини да се справите дури и со него. Овие 7 стратегии се брзи, лесно-применувачки, оправдани од науката и може да се вршат на бирото. Можеме да се бориме со стресот уште во старт.

1466170452-sre

1. Пијте чај

Веднаш станете и направете си чаша чај. Постојат неколку причини зошто тоа ќе ве дестресира. Самото станување дава краток одмор на организмот од дејството што го напрега. Покрај тоа науката докажала дека топлите пијалаци комбинирани со камилица, нане или јачмен го намалуваат стресот веднаш. Најинтересно
сепак, е дека топлината од чашата во која е чајот ќе ве натера да се држите потопло со околните. Ова е особено корисно ако тие се изворите на стрес.

2. Движете се

Не само да се преместувате од едно место до друго, туку да вежбате, да се растегнувате или да танцувате. Дури бркањето на метрото или на трамвај рано наутро го уништува стресот. Физичкото оптоварување може да помогне со тензиите и загриженоста во душевното здравје.

3. Мали животинки

Научниците тврдат дека грижата за малко животинче како кутре, маче или птица, го намалуваат крвниот притисок. Научниците исто така веруваат дека каква и да е врската помеѓу стресот и животинчето, тогаш оваа врска ја намалува вознемиреноста – гледање на клипови со мачки ја зголемува продуктивноста. Ако сте предвидливи, би ја прилагодиле папката на компјутерот, во која ќе ставите најслатки слики на ситни животинки и ќе ја разгледате оваа папка кога стресот ќе ви дојде

4. Дишење

Кога организмот се чувствува стресно и нервозно, нервниот систем замислува дека нешто ве брка и телото се подготвува да бега. Напнатите мускули, највисокиот пулс и променливото и брзо дишење се резултат на желбата на нервниот систем да “помогне”. Но овој систем може да биде “пробиен”. Во прво време сместете се удобно. Потоа земете што е можно подлабоко воздух. Држете за неколку секунди и повторете. Ако дишете мирно околу 30 секунди или минута, тогаш телото ќе сфати дека нема опасност. Пулсот ќе се изедначи и ќе се чувствувате дестресирани.

5. Направете нешто

Не треба да сте поет или сликар. Линијата на тетратка или врзувањето на шал го намалуваат стресот веднаш. Невролозите го објаснуваат овој феномен со фактот дека мозокот не може да прави многу работи истовремено и додека е зафатен да создава нешто, не му останува време да се мачи.

6. Гледајте детски

Може и да не е детско – најважно е да се смеете. Гледајте глупави комедии или сретнете се со забавен пријател. Смеата е корисна – обезбедува повеќе кислород на телото, ги исклучува сензорите за стрес и ги тера позитивните и радосни хормони да дојдатво организмот. Смеата, како и пцуењето, дури имаат ефект на аналгетик.

7. Излезете надвор

Природата е исклучителен пријател во борбата со стресот. Прошетката на чист воздух или седење на клупа (без телефон) го намалува нивото на хормонот кортизол, кој е одговорен за тензиите и срам, и ве инспирира да се чувствувате целосно и подобро. Само пет минути поминати надвор се исклучително корисни.

Слични содржини