Категорично тврдам дека нема никаква основа за етнички и каков било конфликт во Република Македонија. Информациите за случката на север во републиката не кореспондираат со она што се случува во нашето општество.

kuriozitete-imer_571989248

Поранешниот вицепремиер и министер за здравство Имер Селмани по повод информациите за заземањето на полициска станица од 40 вооружени лица во селото Гошинце, во општина Липковопосочи: “Ваквите работи може да се во интерес на одредени центри. Но денес сме 2015 година и нема шанса да се вратиме на едно , за жал, не толку добро искуство од минатото. Сè што треба , мора да се решава по пат на дијалог и интеграцијата. На крајот сметка и проблемите во 2001 година завршија со дијалог “, рече уште Селмани специјално за БГНЕС.

Според него тоа може да е искуство и од страна на луѓе кои сакаат да го свртат вниманието на луѓето од реалните проблеми кон нешто друго.

Селмани беше и кандидат за претседателската функција, кој освои најмногу гласови од сите етноси во земјата во 2009.

Слични содржини