На сите да им кажеме јасно и гласно што бараме!
Нашето трпение помина!
Нема повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца, храбро и истрајно се борат против овој режим.
Да живее Македонија и сите оние кои веруваат во слобода и демократија!

13240611_1007627919314779_3743394370358984443_n

Движењето Шарена револуција најави дека од денеска ја менува стратегијата за отпор против власта. Неофицијално,  на власта ќе и биде даден рок до кога ќе мора да биде целосно повлечена аболицијата, да се прочисти избирачкиот список и да се ослободат медиумите.

Во меѓувреме расте револтот поради кривичните пријави што полицијата ги поднесе против 26 демонстранти од Битола и 7 демонстранти од Скопје. Обвинети се дека уништувале туѓи предмети, односно културно наследство затоа што фрлале со боја врз зградата на општина Битола, Порта Македонија и Министерството за култура во скопско Дебар Маало.

По саботниот протест во Скопје на официјална страница на Шарената револуција на Фејсбук беше објавен проглас во кој се повикува на масовност на протестот закажан за вечерва во 18 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Во понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања“, стои во прогласот на движењето.

Тие велат дека го одбрале 6 јуни како датум со силно значење затоа што е ден кога се дозна за свирепоста, бруталноста и способноста на власта да го сокрие убиството на Мартин Нешковски. „Пет години подоцна, овој датум ќе добие уште поголемо значење“, пишува во прогласот објавен на Фејсбук.

Со повикот „Повлекуваме црвена линија“ од Шарената револуција велат дека „нема повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца, храбро и истрајно се борат против овој режим“.

Слични содржини