Не запираат  протести на Шарената револуција во повеќе градови на Макединија. Најмасовен во Скопје, каде повторно беше обоена Триумфалната порта а беше положено цвеќе на споменикот на паднатите борци во Жена парк.Денеска демонстрантите им се посветија на борвите оф НОБ и победата над ФАШИЗМОТ. Локацијата беше Паркот на чената борец , спроти македонскиот парламент. CiB0BTCWUAQe44OВо продолжение погледнете низ фотографии и видеа како протекоа синоќешните  протести.

18:41  Антифашистичката борба продолжува – почна новиот протест на Шарената револуција

И денеска во 18 часот пред СЈО започнаа да се собираат граѓани за новиот протест на Шарената револуција, денеска во знакот на антифашистичката борба. Пред СЈО се слуша песната „Во борба“.CiBzEoZUYAAMNIn

 

 

18:52 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Тргна Антифашистичкиот марш на Шарената револуција

 

 

 

 


19:23 ГАЛЕРИЈА: Нова боја за Триумфалната порта од Шарената револуција

Шарената револуција повторно ја обои Триумфалната порта, односно ја освежи со нови бои. Погледнете како изгледа сега.

CiB2pILW0AQy85Q

Фото – Твитер


19:27 ФОТО: Протест на Шарената револуција во Кавадарци

Денеска Шарената револуција одржува протест и во Кавадарци.

13174030_1690127734580372_2386874022078493331_n

Фото – Фејсбук/Твитер


19:38 ГАЛЕРИЈА: Шарената Револуција во Жена парк, положено цвеќе на споменикот на паднатите борци

Шарената револуција оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на паднатите борци во Жена парк во знак на почит за Денот на победата над фашизмот.

Фото – Твитер


19:56 ГАЛЕРИЈА: Огромна банкнота со ликот на градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски

На денешниот протест на Шарената револуција во Крива Паланка беше презентирана и нова лажна банкнота од 15 милиони евра со ликот на градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, слично како што беше случај со битолскиот градоначалник.

13124614_1011373998912068_862755256480461188_n

9854094094334332

Фото – Фејсбук


20:16 ГАЛЕРИЈА: Протест на Шарената револуција во Штип

Денеска Шарената револуција излезе на протест и во Штип. Граѓаните протестираат против одлуката на Иванов за помилување на политичарите, но и за да го изразат незадоволството од власта, и да побараат оставки и правда.

 


20:51 ГАЛЕРИЈА: No pasaran! Битола повторно на протест од Шарената револуција

Битолчани и вечерва излегоа на протест како дел од Шарената револуција.

Фото – Фејсбук


21:03 ГАЛЕРИЈА: За прв пат протест на Шарената револуција во Берово – Затвор за криминалци!

Денеска за прв пат и Берово се приклучи на Шарената револуција со протест на кој можеа да се прочитаат транспарентите „Затвор за криминалци!“ и „Нема правда, нема мир“. Погледнете фотографии од протестот.

 

Фото – Берово инфо/Фб


21:12 ГАЛЕРИЈА: Масовен протест, Струмица порача – Смрт на фашизмот, слобода на народот!

Низ фотографиите во продолжение погледнете како помина вечерашниот масовен протест на Шарената револуција во Струмица со пораката – Смрт на фашизмот, слобода на народот!


21:18 ГАЛЕРИЈА: Велес по 11-ти пат на протест, избоени постерите на Груевски и Иванов

Велес по 11-ти пат излезе на протест по одлуката на Иванов за помилување на политичарите. Денешниот протест беше целосно во духот на Шарената револуција, вклучувајќи го банерот, шарените балони и боењето на постерите од Ѓорѓе Иванов и Никола Груевски.

Протестот започна од пред кружниот тек кај Авона. Демонстрантите се движеа улицата Благој Ѓорев, покрај кафе баровите во Велес. Протестот заврши на плоштадот С’рмаале. Тука беа повторно прочитани седумте барања на граѓанското движење Протестирам.

Пред штабот на Вмро-Дпмне имаше контрапротестанти од ГДОМ. Имаше кордон од десетина полицајци помеѓу двете групи кои беа на раздалеченост од пеесетина метри.

Протестите во Велес продолжуваат и утре.


21:42 ГАЛЕРИЈА: Протест на Шарената револуција во Прилеп со цвеќе, балони и гулаби

Денешниот протест во Прилеп на Шарената револуција заврши пред Участакот, каде им се оддаде почит на загинатите борци од НОБ и загинатите полицајци од „Диво насеље“. Граѓаните положија цвеќе, а во знак на победата над фашизмот се пуштија бели гулаби и балони во боите на ‪#‎ШаренаРеволуција‬ и ‪#‎Протестирам‬.

 

21:59 (ВИДЕО) Атанасов: Да ја изградиме Македонија како земја во која ќе има мир, правда и слобода

Ви го пренесуваме обраќањето на Петар Атанасов, член на Извршниот одбор на СДСМ, нa денешниот протест на Шарената револуција.

 

 

Слични содржини