Делегација на СДСМ, предводена од заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска имаше работен појадок со шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс.

На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија како и за мигрантската криза.

Shekerinska-Kunders-860x680

– Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ започна политичката криза во Македонија. Со уште едни криминални избори кризата ќе се продлабочи, рече заменик претседателката на СДСМ.

Шекеринска на средбата со Кундерс истакнала дека СДСМ инсистира на целосно исполнување на обврските од Договорот од Прижино и додала дека без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумскиот простор во Македонија не можат да се спроведат фер, демократски и слободни избори.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги исполни сите обврски од Договорот. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку медиумска кампања да ги дискредитираат независните институции коишто произлегоа од тој Договор. Ние веруваме во правдата, во еднаквоста на сите пред законите – рече Шекеринска.

Во однос мигранската криза Шекеринска истакна дека потребни се системски решенија и поддршка за Македонија.

Слични содржини