Шкотланѓаните движат кон „Зелена Европа“, во 2017 година од обновливи извори произвеле енергија доволна за снабдување со струја на Шкотска за шест дена

од Vladimir Zorba

  Бизнис светот денеска

 

Лондон – „Мајкл Корс Холдингс“ постигна договор за преземање на компанијата „Џими Чу“ за 1,2 милијарди долари (896 милиони фунти). Производителот на чанти ќе плати по 230 пени за секоја акција на производителот на луксузни чевли. Ваквата цена е утврдена со договорот што го потпишаа управите на двете компании.

Загреб – Компанијата „Електролукс“ најави преземање на европскиот производител на иновативни и квалитетно дизајнирани кујнски елементи „Бест“. Аквизицијата на „Електролукс“ ќе му овозможи развој на сеопфатната понуда на кујнски решенија со вградување и понатамошен развој на долгорочниот профитабилен раст во регионот. „Бест“, која лани оствари нето профит од 42 милиони евра, има 450 вработени, примарно во производни локации во Черето ди Еси во централна Италија и Забрже во јужна Полска.

Берлин/Франкфурт – „Фолксваген“ ќе одржи вонреден состанок на Контролната комисија на кој ќе ги разгледа тврдењата дека германските производители на автомобили работеле здружени во картел. Овие обвиненија влијаеа на падот на цената на акциите на германските автомобилски компании во денешната трговија. Портпаролот на „Фолксваген“ потврди дека денеска ќе се одржи вонреден состанок на Контролната комисија, но одби да даде какви било детали околу тоа.

Единбург – Шкотланѓаните во првите шест месеци во 2017 година од обновливи извори произвеле енергија доволна за снабдување со струја на Шкотска за шест дена. Со тоа најсеверната покраина на Велика Британија се ближи кон својата цел за креирање на „зелена Европа”. Силата на ветерот на Шкотланѓаните им помогна да постават нов рекорд во производство на обновлива енергија. Според анализите на британската компанија „Ведер Енегџи“, ветерниците во текот на јули во Шкотска произвеле над милион мегавати енергија.

Сеул – Министерот за енергетика на Јужна Кореја, Паик Ун-џиу изјави дека го поддржува планот на Владата за прекин на работа на нуклеарките и електраните на цврсти гориво и премин на чиста обновлива енергија. – Сега е време да се вклучиме во глобалниот тренд на енергија без нуклеарно и цврсто гориво. Тоа за нас ќе биде добро кога станува збор за индустриската конкурентност и стабилното снабдување со енергија, рече тој.

Њујорк – „Епл“ планира да отвори фабрика во која ќе произведува самостојно ОЛЕД екрани и така ќе ја намали зависноста од други компании. Досега ОЛЕД екрани за новиот Ајфон на Епл доставуваше „Самсунг“. Се зборува дека таа компанија може да биде доставувач и за идната генерација на Ајфони, но дека не оди се како што треба и „Ајфон 8“ може да доцни и два месеца, бидејќи „Самсунг“ не може да го постигне производството во погоните поради ограничен капацитет.

Сиетл – Американската компанија „Боинг“ проценува дека на светската авијација ќе и бидат потребни 637.000 нови пилоти во текот на наредните 20 години. Од компанијата проценуваат дека толку пилоти ќе бидат потребни за да се постигне темпото на растот во воздушниот сообраќај. Таа проценка е за 3,2 отсто поголема од ланската. „Боинг“ веќе осум години работи на истражувања за авионската индустрија.

Сан Франциско – Профитот на „Алфабета“, матична компанија на пребарувачите „Гугл“ и „ЈуТјуб“, во вториот квартал е намален поради рекордната парична казна од 2,4 милијарди евра. Станува збор за казната која Европската комисија му ја изрече минатиот месец на „Гугл“. Фирмата соопшти дека во второто тримесечје остварила силен раст, при што приходот од околу 26 милијарди долари пораснал за 21 отсто во однос на истиот период во 2016 година/МИА

Слични содржини