Еден од највозрасните и најпочитувани германски политичари во последнивте неколку децении, министерот за финансии Вофганг Шојбле тврди дека неговиот црвст став кон потребата за штедење во Грција е исправен и негира дека е во конфликт со канцеларката Ангела Меркел.

сојбле-520x326

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Шојбле, кој за креатор на актуелната финансиска политика на еврозоната, е еден од ретките европски политичари кои излезот на Грција од еврозоната го сметаат за реална можност.

Тој инсистира на поголемо штедење и зголемување на даноците Грција во замена за парите од нов пакет за спас – позиција која што има широка поддршка во Германија.

Во интервју за неделникот „Шпигел“, Шојбле негира дека постојат разлики меѓу него и канцеларката Меркел, која има далеку пофлексибилен став кон грчките проблеми.

– Различни ставови се дел од демократијата. Во таков случај заедно барате решение. Во тој процес секој има своја улога. Ангела Меркел е канцелар, јас сум министер за финансии… Госпоѓата Меркел и јас имаме една константа: Ние знаеме дека можеме да се потпреме еден на друг, вели ветеранот во германската политика, кој со успех ја вршеше функцијата минстер за финансии во две влади на Хелмут Кол до 1991, а потоа и во првата влада на Меркел од 2005 до 2009 година.

Во интервјуто за „Шпигел“ Шојбле негира дека Грција била третирана како колонија или дека имало влијание на нејзините демократски процедури.

Тој останува на ставот дека на Грција ќе и биде подобро да ја напушти еврозоната, но во јавноста не се залагаше против одлуката на германскиот Парламент, кој го одобри третиот пакет помош за владата на Ципрас.

Министерот за финансии својата почит меѓу германските граѓани во последните три децении ја стекна со почитување на личните и политичките принципи и со спроведување на своите замисли кои најчесто се на линија на јавното мислење, без да предизвика голема драма во јавноста.

Дали и овој пат во случајот со Грција ќе успее „Планот на Шојбле“ ќе се знае веќе кон крајот на септември до кога Грција има рок дел од законодавните чекори во Парламентот да ги претвори во конкретни реформи./МИА

Слични содржини