Шокантна глетка во Атина – се гуши во отпад!

од Vladimir Zorba

Отпад се собира во Атина поради недостиг на канти за ѓубре, велат од општинскиот сојуз на работниците за хигиена и поради прогласениот 24-часовен штрајк, која се одржа во средата, по јаловата средба со министерот за внатрешни работи, Панос Скурлетис.

Според Синдикалците, министерот се откажа од ветувањето пред работниците дека тие ќе ги задржат своите работни места. Синдикатот ќе изврши притисок врз владата да им даде ветување на работниците дека постојните работни места создадени за илјадници краткорочно ангажирани работници ќе бидат задржани, независно од одлуката на Судот на ревизори дека забранува продолжување на ваквите договори.

Слични содржини