Обвинителството е истурен дел на извршната власт и не е независен орган, одговара поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Шврговски, по наводите од „бомбата“ за спрега меѓу лица од извршната власт и правосудството-иинформира DW.

getImageThumbnail3
Спроведувале партиски избор на судии и обвинители, нарачувале судски одлуки, ги евидентирале судиите во министерско „тефтерче“ и целосно го урнале функционирањето на правниот систем и правната државата, обвини вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Одговорноста за сето тоа ја посочи на неколку адреси: „Никола Груевски, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска е тројката што го контролирала судскиот систем во Македонија, во соработка со функционери од ДУИ- поранешниот министер за правда Блерим Беџети и вицепремиерот Муса Џафери“.

0,,6448168_4,00
Судии со кои разговараше Дојче веле, велат дека „не се изненадени“ од содржината на презентираните разговори, бидејќи за дел од нив одамна се „шушкало“ а други веќе станале „јавна тајна“. Лицата, пак кои се инволвирани во разговорите, со свои аргументи ги бранат мотивите за нивните постапки.

Обвинителството не е трета власт!

Поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Шврговски, не го негира разговорот, во кој, тој бара од Јанкулоска да интервенира кај министерот за правда Блерим Беџети, со цел синот на претседателката на Апалацискиот суд, Љупка Арсениевска, да биде избран за обвинител.
„Политиката во однос на тоа кој ќе биде обвинител во основните, во вишите обвинителства и во државното јавно обвинителство, ја протежира Јавниот обвинител на Република Македонија и тој својот предлог го дава пред Советот на јавни обвинители. Можете да проверите, дали има еден стручен соработник во обвинителството кој не би избран за обвинител во мојот мандат. Дури откако бил исполнет тој капацитет со внатрешни кадри, сум протежирал кадри ‘од надвор’, од адвокатурата на пример, како што беше случајот со синот на претседателката на Апелацискиот суд“, вели Шврговски.

Запрашан – зошто за посочениот случај интервенирал преку министерката за внатрешни работи, ако како обвинител можел и сам да протежира одреден кадровски избор, тој одговара дека соработкатата на Обвинителството со извршната власт е сосема легитимна.

„Во јавноста постои непознавање на уставната позиција на Обвинителството. Јавното обвинителство е самостоен и единствен орган, но не е независен. Владата го дава предлогот за избор на државен јавен обвинител, а го именува и го разрешува Собранието. Ние сме истурен дел на извршната власт. Од тој аспект, соработката на обвинителството со извршната власт е легитимна. Уставната позиција ни го дава тој, условно речено, ‘ексклузивитет’. Во судството, пак, тоа е невозможно, бидејќи судството е независна, трета власт. Обвинителството не е. Во тоа е разликата“, вели Шврговски.

Повеќе ТУКА

Слични содржини