Се почести ќе има снежните врнежи во текот на летото вели Роман Вилфанд, директор на рускиот Хидрометеоцентар

Во наредните 10 години климата најверојатно ќе биде брановидна, со чести смени на повисоки и пониски температури. Ова го пишува “Российская газета”, цитирајќи го директорот на Хидрометеоцентарот на Русија Роман Вилфанд, кој одговара на прашање за аномалиите во Централна Русија и дали воопшто ќе има лето оваа година.

“Во климатските карактеристики сега преовладува променливоста.

Климатолози објаснуваат дека тоа е од  глобалното затоплување. На прво место се затоплуваат високите ширини и се намалува разликата меѓу температурите на екваторот и на столбови. Обично ни се чини дека ако има глобално затоплување, тогаш температурата на воздухот насекаде се зголемува. Но, тоа воопшто не е така, а се јавуваат други процеси – токму овие брановидни промени “, објаснува Роман Вилфанд.

Според главниот синоптик на Русија, ако досега   преовладувалзападно-источниот пренос на воздушни маси,   сега настапила таква циркулација на воздухот, да многу често почнуваат да удираат  ладни арктички ветрови. И оваа ситуација за жал ќе се повторува во текот на следните 10 години.  “Нормалните средни температури ќе стануваат се помалку, а алтернација на дождливите и сувите периоди – се почести. Можни се исто така Абнормално топли зими, како и снег во текот на летото”, слично нс прогнозите на NASA, дополнува Вилфанд.

Слични содржини