СЈО: Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека, во корист на партијата е имотот да биде замрзнат

од Vladimir Zorba

Незаконска е одлуката на Кривичниот суд со која беше одбиено барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вели обвинителката Ленче Ристоска која вчера на јавна седница пред врховните судии го презентираше барањето за заштита на законитоста поднесено за случајот „Талир“, информира ТВ24.

Имотот на ВМРО-ДПМНЕ не е отуѓуван до сега, потенцира Ристоска, но од декември 2016 година седиштето на партијата е ставено под хипотека. Токму тоа е и аргументот истакнат пред Врховен – дека во текот на истрагата СЈО го детектирало имотот кој што може да е и предмет на кривичното дело и поради тоа бара тој да биде замрзнат.

„Обезбедувањето на имотот во кривичната постапка е многу значајно посебно привременото обезбедување затоа што тоа е единствениот начин на покажеме дека криминалот не се исплати“, вели Ристоска.

Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека СЈО дејствува во полза на СДСМ се апсолутно неточни и обвинителството на Јанева секогаш се оградувало од ваквите обвинувања. Сепак Ристоска потенцира дека барањето за замрзнување на имотот е во корист на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ чие финансирање е предмет на истрага.

„Барањето за замрзнување на имотот е само привремено и со тоа би се ставило забрана да раководните лица не можат тој имот да го оттуѓуваат и со тоа да нанесат дополнителна штета на политичката партија. Така што ако ја земеме политичката партија како посебен правен субјект напротив оние активности кои ние ги преземаме се за заштита на политичката партија“, вели Ристоска.

Злоупотреба на службената положба и перење пари се кривичните дела кои им се ставаат на товар на 14 лица опфатени во истрагата за „Талир“. За начинот на кој се финансирала ВМРО-ДПМНЕ првооосмничен е лидерот на партијата Никола Груевски. СЈО и понатаму работи на истрагата, велат од Обвинителството на Јанева. Талир беше една од истрагите за која Јанева не поднесе обвинеи во рокот од 18 месеци предвиден во законот за СЈО./извор ТВ24

Слични содржини