Претседателката на Демократската партија во САД Деби Уосрман Шулц поднесе оставка неколку часа пред започнувањето на конгресот, на кој Хилари Клинтон ќе добие номинација за кандидат за претседателските избори.

Image_5670821_126

Причината за повлекувањето е скандалот околу распространети од “Викиликс” над 19.000 имејлови на партијата, кои потврдуваат дека Националниот комитет имал фавориит во текот на целата кампања и дури плаќале “тролове” да влијаат на интернет форумите на штета на Берни Сандерс. Тогаш беа изразувани и сомнежи во тврдењата на Сандерс, кој е Евреин дека е атеист.

Image_5670823_128

Берни до последниоѕт момент се бореше против Хилари со платформа на демократски социјалист и е исклучително популарен меѓу младите Американци, симпатизери на партијата. Тие организираа голем протест против Хилари во Филаделфија, пред да почне конгресот.

Деби Уосрман Шулц поднесе оставка со изјава дека тоа е најдобар начин партијата да ја постигне својата цел да ја испрати Клинтон во Белата куќа.

Скандалот во Демократската партија може да е предизвикан од искуството на Русија да влијае на претседателските избори во САД во корист на Доналд Трамп, изјави шефот на кампањата на Клинтон Роби Мук на Си-Ен-Ен. Трамп неколкупати се изразил позитивно за рускиот претседател Путин.

“Њујорк тајмс”, исто така го покренува прашањето за интервенција на руските тајни служби во претседателската трка. Според истражувачите Националниот комитет на Демократската партија бил успешно нападнат од две руски разузнавачки агенции.

Слични содржини