Со автомобил удрил во оградата од Единицата за известување и командување на СВР Скопје и избегал

од Vladimir Zorba

Околу 03.30 часот на крстосницата од ул. „Васко Карангелевски“ и ул. „Ангел Димовски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која С.М. (37) од Скопје, управувајќи патничко возило „Волво С70“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во метална ограда од дворното место од објектот на Единицата за известување и командување при СВР Скопје, по што го напуштил местото.

Од незгодата повредени лица нема, причинета е само материјална штета на возилото и оградата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По преземени мерки лицето е пронајдено.

Слични содржини