Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено на планините во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

лето море

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 11 до 19, а дневната од 29 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени.

И во наредните денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во вторник повеќе ќе биде застапена во западните и јужните претежно планински подрачја, а во среда и четврток се очекува појавите да бидат поретки. Дневните температури до среда ќе бидат во благ пораст, кога ќе се движат од 31 до 38 степени.
Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34 степени. УВ индекс 7.

Во Скопје во  вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови во западните и југозападни предели можни се локални врнежи од дожд. Утринските температури од 11 до 21 степен, а максималните дневни до 26 односно до 37 степени. УВ индекс 8.

Во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од 13 до 23 степени, а максималните дневни ќе се движат од 27 до 38 степени. Ув индекс 8. Во четврток претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 однсоно до 38 степени.

Во петок и сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, во попладневните и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд

. Во сабота утринските температури од 12 до 22, а максималните до 27 односно до 38 степени, додека пак во недела утринските температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а максималните дневни ќе бидата за некој степен пониски и ќе се движат во интервал од 25 до 36 степени.

 

Слични содржини