Времето во Македонија ќе биде сончево со услови за утринска магла по одделни котлини. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.

магливо1

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со услови за утринска слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Продолжува период на стабилно, суво и претежно сончево време со услови на слаба магла по одделни котлини. До недела утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните благо ќе опаѓаат. Од утре попладне ќе започне да дува слаб, а за време на викендот умерен северен ветер.

 

Слични содржини