Сонувате да имате замок? Италија ќе ви го подари!

од Vladimir Zorba

Ако некогаш сте сонувале да имате свој замок, сега овој сон може да стане реалност. Италија раздава бесплатно 103 неповратни имоти, вклучувајќи вили, меани и замоци. Тоа значи дека секој може да започне изградба на своја верзија на Карпата на Кастерли или Зимски срт пример.

Како што веројатно ќе го претпоставите, има и една доста значајна работа. Властите во земјата очекуваат секој кој ќе се здобие со некој од имотите, да се ангажира со неговата обнова, за да може да се користи како туристичка дестинација.

Дали имотот ќе стане хотел, спа центар, ресторан или нешто друго, ова решение целосно зависи од новиот сопственик.

Проектот ќе го поддржи и промовира развојот на туризмот. Целта е приватните и јавни згради, кои веќе не се користат, да бидат трансформирани така што ќе обезбедат погодности за верници, туристи и велосипедисти.

Властите во Италија се надеваат дека на овој начин ќе откријат некои од најпопуларните и најпрометните области во земјата.

Крајниот рок за аплицирање е 26 јуни, а одобрените кандидати ќе добијат почетен деветгодишен период во кој ќе можат да работат на својот проект, ао има можност тој да се продолжи за уште девет години потоа.

Ако барањето биде одбиено, не треба да се срамиме, бидејќи Италија планира да подари уште 200 локации во рамките на следните две години.

Слични содржини