Сопругот на Џенифер Анистон: Постојат многу поважни работи од разводот на Џоли и Пит

од desk3

По објавувањето на информацијата за разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит, без никаква причина во центарот на вниманието се најде и поранешната сопруга на Пит, Џенифер Анистон.

Анистон беше во брак со Пит пет години, а двојката се разведе по гласините за аферата на Бред со Анџелина Џоли во текот на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

download

Џенифер денес е среќно мажена за колегата Џастин Теру, кој одлучи да застане во одбрана на својата сопруга.

Џастин, кој со Анистон се венча минатата година по четири години врска, на прес-конференција по повод премиерата на неговиот нов филм, се осврна и на темата за разводот на Анџелина и Бред.

– Како дете на разведени родители, се што можам да речам, е дека тоа е трауматично искуство за децата. Тоа е се. Секој друг коментар би бил навистина непотребрен, рече Џастин.

Тој ги нарече глупости обидите на некои таблоиди за вмешување на Џенифер во целата приказна околу разводот.

– На медиумите никогаш не им е доволно. Тие објавуваат вакви глупости и луѓето тоа го купуваат. Денес во светот се случуваат многу поважни работи од разводот на Анџелина и Бред, додаде тој. /МИА

Слични содржини