Спутник: Македонија ќе биде во НАТО до пролетта 2018 година

од desk2

Северноатлантската алијанса планира до пролетта 2018 година да ја прими Македонија за полноправен член, изјави за Спутник извор близок до преговорите за членство на државата во НАТО.


-Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг планира до средината на јули да го посети Скопје и да разговара за тоа. Цел на НАТО е до пролетта 2018 година државата да биде примена во Алијансата, изјавил соговорникот за агенцијата.

Според него, САД активно работат на тоа.

– Амбасадорот на САД во Скопје вчера имаше средба со министерката за одбрана и е разговарано за тоа, изјавил изворот.

Република Македонија ги исполни условите за членство во НАТО од 2008 година. Македонскиот премиер Зоран Заев в понеделник ќе има средба со Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел.

Слични содржини