Средбата Иванов – Заев во првите работни денови идната недела

од Vladimir Zorba
Средбата помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот Иванов најверојатно ќе се одржи во првите работни денови од следната недела, посочува ТВ 24.
Засега ваквата информација нема официјална потврда, со огледа дека роковите течат извесно е дека таа средба би се реализирала на почетокот на работната недела.
Во меѓу време, се подготвуваат гаранциите што Зоран Заев ќе треба да ги однесе во кабинетот на Иванов и кои според информациите на 24 ќе треба да содржат гаранција дека ќе биде зачуван територијалниот интегритет, суверенитет и независност на државата, дека нема да се оди со редефинирање на државата,
Но, извори за ТВ24 дополнително брифираат дека и во таквата гаранција што Заев треба да ја однесе кај Иванов можно е да се бара дека основа за формирање на новата влада нема да биде Тиранската платформа.

Слични содржини