Срѓан Керим заврши на 9-то место во последното гласање за генерален секретар на ОН

од Vladimir Zorba

Срѓан Керим заврши на деветтото место од десет кандидати во шестата и последна рунда тајно гласање во Советот за безбедност на ОН за иден генерален секретар на ОН, на која Португалецот Антонио Гутереш беше избран за наследник на Бан Ки-мун.

kerim-i-ban-ki-mun

Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш го освојуваше првото место во сите досегашни гласања, а во последната рунда втор беше кандидатот од Србија, поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, а трет беше Мирослав Лајчек од Словачка.

glasanje-generalen-sekretar-6

Керим минатата рунда на гласање беше на осмото место. Денеска добил пет позитивни и девет негативни гласови од амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН.

Извор: СДК

Слични содржини