Дебелината е предмет на бројни студии. Здравата исхрана и физичката активност понекогаш не се доволни. Некои луѓе со нормална тежина имаат масти во пределот на стомакот, а тоа, излегува дека не е помал фактор на ризик за прерана смрт.c9e76d5f3b9fca6425d96b082bbb7538

Ново истражување, објавено во Annals of Internal Medicine констатира дека стомачните масти ја зголемуваат веројатноста од предвремена смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести кај луѓето со нормална тежина, пишува today.com.

Луѓето со таков проблем ги имаат истите ризици за здравјето како дебелите луѓе, чии масти се расфрлани по целото тело.

Тоа било и најголемото изненадување за истражувачите. Тие не очекувале ризиците и кај двете групи да се идентични. Навикнати сме да ги сметаме луѓето со прекумерна тежина за најризични групи.

Очекувањата на научниците биле дека луѓето со нормална тежина ќе имаат помал ризик од ран кардиоваскуларен морбидитет и смрт за разлика од дебелите, но резултатите покажале друго.

Најголемото изненадување била дека луѓето со нормален индекс на телесна маса, но со акумулација на масти во стомачната област, биле многу повеќе загрозени од рана смрт, во споредба со дебелите кои биле загрозени прво од кардиоваскуларни болести, а потоа тоа од смрт предизвикана од компликации.

Ефектот кој стомачните масти го имаат врз здравјето е еквивалентен на испушена половина до една кутија цигари на ден, сметаат научниците.

Истражувањето опфатило повеќе од 15 илјади луѓе, а периодот на следење бил 14-15 години. На пациентите беа спроведени голем број на тестови, вклучувајќи мерење на обемот на половината, карлицата, бедрата, тежината и висината. За овој период меѓу испитаните пациенти имало 3222 смртни случаи.

Зошто прекумерно дебел човек ќе има помал ризик од предвремена смрт од друг со нормална тежина, но со акумулација на стомачни масти?

Шефот на истражувањето професор Франциско Лопез-Хименез, директор на катедрата за превентивна кардиологија кон клиниката Мајо смета дека стомачните масти се особено токсични за организмот.
74ee84524578dea404e70407aa2a0ac6
Фото: iStock

Сосема различно е да имате масни наслаги по кој и да е друг дел на телото – колковите, нозете, рацете, задникот. Тие не претставуваат дури ни таков ризик за организмот. Додека стомачните масти се показател за болест на метаболизмот.

Покрај тоа, многу истражувања во областа на превенцијата на дијабетесот и метаболичките болести констатираат дека висцералните масти се различни од другите масти. Супстанциите од овој тип масни клетки продираат длабоко во абдоминалната празнина и поминуваат низ дебелото црево и одат директно во црниот дроб каде нанесуваат огромна штета на здравјето.
Стомачната област е многу тесно поврзана со бројни метаболички проблеми, вклучувајќи нарушена толеранција на глукоза, ниски нивоа на HDL или корисен холестерол и високи нивоа на триглицериди. Кај луѓето со слични страдања обично постои слаба мускулна маса и повисок процент на масни наслаги, не само под кожата , но и во органите.

Решението е строга диета и континуирана редовна физичка активност.

Слични содржини