Страните во ММФ се договорија да ги зголемат трошоците и да ги отстранат пречките за бизнис

од Vladimir Zorba

Земјите – членки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се согласија да заживеат безживотната светска трговија, да ги зголемат владините трошоци и да ги отстранат пречките за бизнисот, за да го поддржат слабиот раст, пренесува “Ројтерс”.

zx450y250_2841006

Обврските за време на годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон, доаѓа на позадината на изразената загриженост на финансиските лидери поврзани со се повидливаата популистичка реакцијиа против трговијата и глобализацијата.

Континуираниот низок раст ги откри основните структурни слабости кои носи ризик за дополнително поткопување на потенцијалниот раст и изгледите за инклузивност, истакна во соопштението управниот комитет на Фондот.

Одлуката на Британците во јуни да ја напуштат ЕУ, антитрговските изјави на кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп и светското забавување на растот ги натера политичарите да се обидат подобро да ги претстават во јавноста придобивките од светската економска интеграција.

Меѓународниот монетарен и финансиски комитет забележуваат дека несигурноста и ризиците за светското закрепнување пораснале, а освен тоа таа е загрозена од протекционистички политики и застојот во реформите.

Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу рече во изјава синоќа дека ММФ треба да направи повеќе за да биде слушнат за клучните прашања поврзани со светската економија, како стапката на невработеност, во спротивно ќе стане “непопуларен”, информира “Франс прес” .

Лидерите на комитет на ММФ, кој се состои од луѓе кои претставуваат 189-те земји членки, исто така, вети дека ќе претстави и примени мерки кои ќе ја поддржуваат заостананата економија за да се осигура дека секој и да има можност да се искористи глобализацијата и технолошките промени, додава ” Ројтерс “.

На прес-конференцијата директор на ММФ Кристин Лагард ги повика државите да сторат повеќе за поддршка на растот, да трошат повеќе за инфраструктура и образование и помалку да се потпираат на олабавување монетарна политика, која веќе достигна лимитот на влијание.

Слични содржини