Страшна сообраќајка во Бугарија: Шестмина загинаа, 18 се повредени

од desk2

Шестмина загинаа при ужасната несреќа на главниот пат Софија – Варна во реонот на ловешкото село Микре, а 18 лица се повредени. Сите се однесени во болница. Сериозната сообраќајна несреќа се случила неколку минути пред 13 часот.


Директно се удриле патничко комбе со камионче. Возачот и неговиот сопатник од камионот се повредени. Меѓу загинатите е и возачот на комбето, во кое патувале 26 лица.

Продолжуваат спасувачките операции. Причините за тешката сообраќајна несреќа допрва треба да се утврдат. Движењето во реонот привремено е затворено, а вработени на сообраќајната полиција ги пренасочуваат возилата. Окружниот обвинител на Ловеч се очекува да пристигне на самото место./ BGNES

Слични содржини