Студентскиот пленум доцна вечерва на својата Фејсбук страница објави дека во среда на пладне на платото на УКИМ ќе го организира седмиот студентски пленум и ќе прогласи слободна зона.

10414449_1596470377249912_6972822660601276080_n1

„Одложувањето на примената на членовите од законот, беше само прв чекор кон она што го бараме, нов закон со кој системски ќе го ревидираме концептот на високо образование.

Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сложни, гласно на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование.

Ајде да го освоиме назад универзитетот, време е да креираме автономна зона!

Среда, 11.02.2015, Плато на УКИМ, пладне“, повикуваат студентите.

Фејсбук настанот е на следниот линк.

Слични содржини